Home » Русокоси со став by Plum Sykes
Русокоси со став Plum Sykes

Русокоси со став

Plum Sykes

Published
ISBN :
Paperback
275 pages
Enter the sum

 About the Book 

Плам Сајкс им го претставува на читателите гламурозниот свет на принцезите од авенијата Парк, девојките кои шараат по Менхетн во потрага по совршен лажен тен добиен во некој од салоните за убавина, возење со приватен авион, богато момче и недофатливMoreПлам Сајкс им го претставува на читателите гламурозниот свет на принцезите од авенијата Парк, девојките кои шараат по Менхетн во потрага по совршен лажен тен добиен во некој од салоните за убавина, возење со приватен авион, богато момче и недофатлив свршеник. Нашата хероина, позната само како Јас, живее во највисоките општествени кругови на Њујорк, а нејзина најдобра другарка е наследничката на една стоковна куќа. Ама што да прави Moи кога нејзината свршувачка ќе се раскине? Ќе може ли некогаш да биде среќна во еден град пренатрупан со важни девојки, дерматолози и козметичари? Постои ли шанса да пронајде љубов во еден град во кој нејзините пријатели сметаат дека клучот до среќата е да добиеш покана за приватна продажба на накит од Ван Клеф и Арпелс? И како да се справи со бескрајните телефонски повици од нејзината мајка во Англија којашто ја убедува да се омажи со комшијата Ерл? Со голема итрина и проникливост, Сајкс успева да го долови однесувањето на богатите и разгалените во една пријатна социјална сатира, во која главен лик е една девојка чија единствена желба е да пронајде вистинска љубов (и можеби еден пар чевли Маноло Бланик).